ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ

    ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕПокрај обновата на коловозот во должина од 510 метри. Ќе се реконструираат тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Никола Карев кај Железничката станица. Покрај обновата на коловозот во должина од 510 метри. Ќе се реконструираат тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници.

    „По изградбата на улицата Есенинова која ја започнавме минатата недела и со реконструкцијата на улицата Никола Карев жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 минути – рече денеска градоначалникот Шилегов.

    Дополнително, на улицата Никола Карев се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот Трета македонска бригада, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром.

    За реконструкција на улицата Никола Карев ќе се вложат околу 15 милиони денари, а рокот на изведба е 30 дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира