ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО БАРАКА ВО СКОПСКИ ТРНОДОЛ

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО БАРАКА ВО СКОПСКИ ТРНОДОЛТелото го нашле пожарникарите кога однадвор го изгасиле пожарот, а немало дојава дека во куќата има лице. (Фото: К. Попов)

    Едно лице загина во пожарот кој денеска изби во барака во скопската населба Трнодол. Телото го нашле пожарникарите кога однадвор го изгасиле пожарот, а немало дојава дека во куќата има лице.

    „Пријавата до нас стигна од полиција, но во неа немаше информација дека во куќата има лица. Ниту на лице место никој не ни го кажа тоа. Кого го изгасиле пожарникарите пожарот однадвор влегле внатре да гасат и забележела затрупано тело. Веднаш е повикана полиција и крим техника“, вели Владимир Симоновски командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

    Во моментов се работи на идентификација на телото и откривање на причините за пожарот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира