ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ НА ЛАБУНИШТА ИМА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА, СО ПРОТЕСТ ПОБАРАА ИТНО ЗАТВОРАЊЕ НА КАМЕНОЛОМИТЕ

    ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ НА ЛАБУНИШТА ИМА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА, СО ПРОТЕСТ ПОБАРАА ИТНО ЗАТВОРАЊЕ НА КАМЕНОЛОМИТЕЕколошкото друштво „Натура лаб“, кое бара од ресорните министерства и Владата одземање или раскинување на концесиите во најкраток можен рок. (Фото: СДК.МК)

    Жителите од струшкото село Лабуништа денеска го блокираа магистралниот пат Струга-Дебар со барање да се затворат каменоломите под Јабланица кои се закана по нивното здравје. Револтирани се, како што велат, од тоа што со години протестираат, а никој не презема ништо за да се реши нивниот проблем. Рекоа дека нема да се откажат сè додека не се стави крај на штетата која се нанесува на Лабуништа и околните села, како по нивното зд равје така и врз уништувањето на природата.

    Демонстрантите укажаа дека во Лабуништа има два активни каменоломи и уште неколку што работат без дозвола. Првиот каменолом започнал со работа уште пред 20-тина години. Каменоломите со одлука на Владата во 2020 година останаа без концесии, но Управен суд со пресуди ги врати концесиите на двајца концесионери.

    Организатор на протестот е еколошкото друштво „Натура лаб“ од Лабуништа, кое бара од ресорните министерства и Владата одземање или раскинување на концесиите во најкраток можен рок.

    „Ако една битка се изгуби тоа не значи дека војната ќе ја изгубиме. Одиме до крај. Доколку и сега не го слушнат нашиот глас ќе има и бојкот на изборите“, велат од „Натура лаб“.

    Алија Ќазими, правник на здружението, вели дека секој граѓанин во државата има обврски, но и ужива одредени права.

    „Секој граѓанин ужива право на чиста и здрава животна средина, а во Лабуништа ни е загрозено ова право со години. Согласно извештајот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, се гледа во последните три години има 1.850 респираторни заболувања, а тоа е една третина од граѓаните. Исто така, загрозени се и нашите имоти. Земјоделските почви од кои со години сме живееле денес се неплодни. Од друга страна, загрозени ни се и домовите. Од првата куќа на каменоломот до првите куќи има не повеќе од 90 метри“, вели Ќазими.

    Од „Натура лаб“ велат дека испратиле докази до Министерството за животна средина, Министерството за економија и Владата за одземање на концесиите, но ако тоа не се направи за брзо време се заканија дека нема да ги пуштат своите деца на настава во второто полугодие од учебната година.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира