ЕДНА УЧИТЕЛКА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19, 14 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА ВО ОХРИД

    ЕДНА УЧИТЕЛКА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19, 14 ДЕЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА ВО ОХРИДДиректорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски уверува дека состојбата е под контрола и дека засега нема место за паника и покрај вчерашните рекордни 23 новозаразени од ковид-19 во градот. (Фото: СДК.МК)

    Една учителка е меѓу вчерашните рекордни 23 позитивни на ковид-19 во Охрид, поради што 14 деца се во изолација. Од Центарот за јавно здравје велат дека повеќето заразени биле од познати кластери но имало и изолирани случаи.

    Моментално во Охрид активни се 106 позитивни, а од почетокот на пандемијата вкупно заболеле 533.

    Директорот на Општата болница Горан Балевски уверува дека состојбата е под контрола и дека засега нема место за паника и покрај вчерашните високи бројки на новозаразени.

    „Имаме три слободни кревети, спреми сме да преадаптираме и да обезбедиме простор во други одделенија, во хирургија, како што работевме за време на летниот период, но се надевам дека до тоа нема да дојде“, вели Балевски.

    Тој кажа дека во последното деноноќие нема зголемен број пациенти кои се јавиле во болницата, а тоа значи дека повеќето биле со лесна клиничка слика и може да се лечат во домашни услови или биле асимптоматски носители.

    Во Општата болница во Охрид моментално има 20 позитивни на ковид-19 на Инфективното одделение, од кои 7 се на кислородна поддршка и 8 суспектни на Одделот за геријатрија. Најмладиот заболен има 22 години.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира