ЕКО-ГЕНЕРАЛКАТА ВО ШТИП ЗАПОЧНА СО ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, ПОДДРЖАНИ ОД УНИЦЕФ И ШВЕДСКА

    ЕКО-ГЕНЕРАЛКАТА ВО ШТИП ЗАПОЧНА СО ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, ПОДДРЖАНИ ОД УНИЦЕФ И ШВЕДСКАОд презентацијата на еко-проектите на учениците од Гимназијата во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Штипските средношколци први ја започнааа еколошката акција „Генералка викенд“, која трае од денеска до 10 мај низ целата држава, со презентација на еко-иновативни проекти. Проектите се реализираат со партнерство на УНИЦЕФ, а со финансика поддршка на Шведска, чии претставници денеска беа во Штип. .

    Седуммина ученици од Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип пред шведскиот амбасадор Ола Солстром, Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ и претставници на Здружението ЛЕАД го презентираа проектот „БИОВА“ , преку кој изработија биопластика од целосно органски и разградливи материјали, наменета за производство на кеси за еднократна употреба. Целта е да се намали користењето на нерзаградливите пластични кеси и да се создаде поздрава животна средина.

    Од презентацијата на учениците од Електромашинскиот центар. (Фото: СДК.МК)

    Свое иновативно решение презентираше и ДСУ „Коле Нехтенин“ од Штип. Ова средно стручно училиште се претстави со проектот„Еко ѕид“, иновативен систем кој ја претвора бучавата во мала, но корисна електрична енергија преку употреба на пиезоелектрични елементи и акустични панели.

    Учениците од Текстилното училиште. ( Фото: СДК.МК )

    Учениците од Текстилното училиште „Димитар Мирасчиев“ се претставија со функционален дуксер со посебна преграда за привремено одлагање ситен отпад и со еколошка порака на грбот, со цел подигнување на свеста за заштита на животната средина.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира