ЕКОАКТИВИСТИТЕ СО ПАРОЛИ „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ТЕТОВО, ГРАДОТ ВО КОЈ НИКОМУ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НИШТО“

    ЕКОАКТИВИСТИТЕ СО ПАРОЛИ „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ТЕТОВО, ГРАДОТ ВО КОЈ НИКОМУ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НИШТО“Таблите со пароли беа поставени на неколку најкритични места во градот (Фото: СДК.МК)

    Група екоактивисти на неколку места во Тетово постави табли со кои укажува на лошата инфраструктура во градот, големата загаденост и на негрижата на градските власти и граѓаните кон ваквите состојби.

    „Ѓубре расфрлано на сите страни, дупки по патишта, сообраќаен хаос при што секој се паркира каде сака и недостаток на јавниот превоз се дел од бројните проблеми со кои секојдневно се среќаваат тетовци. Мотивирани од овие проблеми и со желба да повикаме на колективна одговорност за состојбата во која се наоѓа градот, поставивме табли со следните пораки: ‘Добредојдовте во Тетово, градот во кој никому не му е гајле за ништо‘, ‘Не ми е гајле каде се паркирам‘, ‘Не ми е гајле каде фрлам ѓубре‘, ‘Не ми е гајле што нема јавен превоз‘, ‘Не ми е гајле што има дупки‘. Кој е одговорен за овој хаос, граѓаните или локалната самоуправа?“, прашуваат од неформалната група „Арт активизам Тетово“, која ги постави овие табли на неколку најкритични места во градот.

    Во текот на ноќта, поголемиот дел од таблите беа отстранети.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира