ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС ЧАДИЕВ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ, ОБВИНЕТ Е ДЕКА ДОЗВОЛИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДА КОРИСТИ СЛУЖБЕНИ КОЛИ ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ

    ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС ЧАДИЕВ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ, ОБВИНЕТ Е ДЕКА ДОЗВОЛИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДА КОРИСТИ СЛУЖБЕНИ КОЛИ ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИСудијата Шефшет Адеми кажа дека двата обиди за доставување на покана и обвинение на Чадиев, биле неуспешни. Па судењето го одложи за 30 септември.(Фото: СДК.МК)

    Судењето во кој се обвинети ексградоначалник на Општина Велес Славчо Чадиев и поранешниот претседавач на Советот Александар Колев, денес не почна оти на рочиштето не дојде Чадиев. Двајцата се обвинети за злоупотреба на службена положба бидејќи Чадиев му дозволил на Колев 2,5 години да користи службени возила за приватни цели.

    Судијата Шефшет Адеми кажа дека двата обиди за доставување на покана и обвинение на Чадиев, биле неуспешни. Судењето го одложи за 30 септември.

    Според обвинението, ексградоначалникот Славчо Чадиев со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23 февруари 2014 година до 9 август 2016 година, во повеќе наврати да користи две службени возила за приватни потреби.

    Претседател на Советот на Општина Велес Александар Колев, без да поднесе писмено барање, возилата ги управувал самостојно и за себе прибавил имотна корист од поголема вредност, пишува во обвинението. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила за што потрошил 170.598 денари, кои потоа биле исплатени со пари од Општината.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира