ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО „КИРО ДАНДАРО“ ЈА ПРЕДИЗВИКАЛО ЗАПАЛЕНО БУРЕ СО АЦЕТАТ И АЛКОХОЛ

    ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО „КИРО ДАНДАРО“ ЈА ПРЕДИЗВИКАЛО ЗАПАЛЕНО БУРЕ СО АЦЕТАТ И АЛКОХОЛВо пожарот немало повредени, ниту материјална штета (Фото: СДК.МК)

    Експлозијата што се случи вчеравечер во „Киро Дандаро“ во Битола настанала од запалено 50-литaрско буре, во кое имало мешавина од ацетат и алкохол, велат од печатницата за СДК.МК. Пожарот се случил во просторија за рециклажа, а мешавината печатницата ја користи за работниот процес. Од менаџментот на фирмата велат дека немаат материјална штета, ниту повредени.

    Вчера и од битолската Противпожарна единица потврдија дека интервенирале во гаснењето на пожарот во печатницата. Стражарите, пак, рекоа дека се запалил материјал за рециклажа и дека вработени заедно со пожарникарите навреме го изгаснале.

    „Киро Дандаро“ е печатница која со години наназад го печати избирачкиот материјал во земјава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари