ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ СЕ ПРОЕКТ НА ПРИВАТНА ФИРМА, ГРАД СКОПЈЕ САМО ИМ РЕНТА ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ПУНКТОВИ

    ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ СЕ ПРОЕКТ НА ПРИВАТНА ФИРМА, ГРАД СКОПЈЕ САМО ИМ РЕНТА ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ПУНКТОВИМенаџерот на фирмата „Бин Бин“ Висар Дурак вели дека пунктови за тротинети ќе има на 19 паркинзи, но не знаеше да каже колку месечно им плаќаат на “Градски паркинг“ за рентањето на просторот. (Фото: Градски паркинг)

    Изнајмувањето на електрични тротинети не е проект на Град Скопје туку на приватна фирма. Градот нема никакви приходи од рентањето на тротинетите, единствено ЈП „Градски паркинг“ ѝ наплаќа на фирмата „Бин Бин“ за користење на простор на паркинзите каде се поставени пунктовите на тротинетите.

    Менаџерот на фирмата „Бин Бин“ Висар Дурак вели дека пунктови за тротинети ќе има на 19 паркинзи, но не знаеше да каже колку месечно им плаќаат на “Градски паркинг“ за рентањето на просторот. На прашањето дали е потреба соодветна дозвола од Град Скопје или некоја друга институција за вршат оваа дејност, ни рече дека сите работи биле соодветно завршени.

    „Ова е проект кој турската фирма го спроведува и во шест други градови. Една минута користење ќе биде 9 денари. Не сметам дека цената е висока бидејќи ретко кој користи тротинет по еден час. Тротинетот ќе може да се подигне од еден од пунктовите и потоа да се остави било каде. На пример, граѓаните откако ќе завршат со работа можат од еден пункт да изнајмат тротинет, да си дојдат дома, а него да го остават пред нивната зграда или куќа. Навечер тимови на фирмата ќе ги собираат тротинетите и ќе ги враќаат на пунктовите“, вели Дурак.

    За да се користи електричен тротинет граѓаните ќе треба да ја симнат апликацијата, за која бар код има на пунктовите и на неа има повеќе начини на плаќање. Дурак вели дека има и промотивни пакети со кои изнајмувањето е поевтино.

    Набавени се 500 тротинети. Иако промоцијата беше минатиот петок, официјалното рентање ќе почне од утре, бидејќи неделава уште не биле опремени сите пунктови, а и времето било врнежливо.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира