Специјалистот епидемиолог д-р Тони Коњановски, вработен во битолскиот Центар за јавно здравје и активно вклучен во следење на состојбите и битката против ковид-19, е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола. Во последниве четири години беше советник во Советот на Општина Битола.
Тој е брат на поранешниот министер за одбрана од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коњановски.
Од партијата соопштија дека Коњановски е поранешен директор на Центарот за јавно здравје, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Од партијата велат дека докторот во време на ковид кризата ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост.
Ж. ЗДРАВКОВСКА