ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ОТКАКО ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ВЛАДАТА ЈА ЗАДОЛЖИ КОМПАНИЈАТА ДА ОСНОВА ФИРМИ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

    ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ОТКАКО ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ВЛАДАТА ЈА ЗАДОЛЖИ КОМПАНИЈАТА ДА ОСНОВА ФИРМИ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈАВладата ја задолжи ЕСМ да формира фирми за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. (Фото: К. Попов)

    Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценти на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Откако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот не може да го преземе парното иако има претпријатие „Градски енергетски системи“, кое беше формирано токму за оваа дејност од претходната градска власт, Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми.

    „АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата“, велат од Владата.

    Како што велат од Владата, огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија односно скопјани зимава нема да останат без парно греење.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира