ЕУ ДОНИРАШЕ СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ МИГРАНТИ И ШВЕРЦЕРИ

    ЕУ ДОНИРАШЕ СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ МИГРАНТИ И ШВЕРЦЕРИДонацијата од ЕУ наменета за македонската гранична полиција е вредна околу 3,7 милиони евра. - Од примопредавањето на ГП „Богородица“ (Фото: СДК.МК)

    Во функција за поефикасно справување со криумчарењето мигранти и бегалци на македонско грчката граница, но и детектирање на можна трговија со луѓе, евроамбасадорот Самуел Жбогар на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја предаде донацијата од ЕУ наменета за македонската гранична полиција вредна околу 3,7 милиони евра. Станува збор за 16 специјални возила и теренски возила со кои граничната полиција може да врши поголема заштита, надзор и пресретнување на мигранти, бегалци и криумчари.

    „Оваа опрема е наменета за спроведување на ефикасен граничен надзор на зелената граница и гранични проверки на премините која е донирана од ЕУ. Истата ќе значи наше уште поефикасно и поквалитетно справување со илегалната миграција, но и со сите други облици на прекуграничен криминал. Освен донацијата во возила наш кадар беше на обука со цел да бидеме поефикасни“, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на примопредавањето на донацијата на граничниот премин „Богородица“.

    Евроамбасадорот Жбогар уште еднаш истакна дека ЕУ секогаш ќе ѝ помага на Македонија во справувањето со предизвиците од мигрантската криза.

    „Верувам дека со ова донација ќе можете многу полесно да одговорите на предизвиците поврзани со криумчарењето на мигранти, но и со трговија на луѓе во граничните појаси“, рече Жбогар.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира