ЕУ ГИ РЕНОВИРАШЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ, АМА НЕМА СТОЛЧИЊА ОТИ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРЕБА САМИ ДА ГИ КУПАТ

    ЕУ ГИ РЕНОВИРАШЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ, АМА НЕМА СТОЛЧИЊА ОТИ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРЕБА САМИ ДА ГИ КУПАТСтаниците имаат систем за ладење и греење, чекални, посебен влез во зградата и на пероните за лица со посебни потреби, електронски информатори за пристигнувањето на возовите и за возниот ред. Единствено немаат столици за седење на патниците. (Фото: СДК.МК)

    Реновираните железнички станици во Велес и Чашка во чекалните немаат столици.

    Станиците кои се обновени преку проект од Европската унија и кои беа денеска отворени, имаат систем за ладење и греење, чекални, посебен влез во зградата и на пероните за лица со посебни потреби, електронски информатори за пристигнувањето на возовите и за возниот ред. Единствено немаат столици за седење на патниците.

    Од МЖ Инфраструктура велат дека со проектот на ЕУ не било предвидено поставување на столици.

    „Правиме напори да ги набавиме со сопствени средства. Не е убаво што патниците ќе стојат, иако има разглас, греење, ладење“, рече Петар Спасовски помошник директор за правни работи во МЖ Инфраструктура.

    Железничките станици во Велес и Чашка беа реконструирани со европски пари во висина од 400 илјади евра. Тоа е грант од проектот „Подобро поврзани“, вреден 2,14 милиони евра, со кој за реконструираа 10 железнички станици во Македонија, дел од Коридорот 10, кој со пруга ги поврзува Салцбург и Солун.
    Железничката станица во Велес е најстарата станица во Македонија, каде на 9 април 1873 година стигнува и првиот воз од Солун во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари