ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ЈА ОБНОВИ МРЕЖАТА, ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА, А ДОЛГОВИТЕ НА РАТИ, В ПОНЕДЕЛНИК ПОСЛЕДНА РУНДА ПРЕГОВОРИ

    ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ЈА ОБНОВИ МРЕЖАТА, ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА, А ДОЛГОВИТЕ НА РАТИ, В ПОНЕДЕЛНИК ПОСЛЕДНА РУНДА ПРЕГОВОРИВ понеделник ќе биде последна рунда на преговорите. (Фото: СДК.МК)

    ЕВН и претставници на липковското село Слупчане при крај се со преговорите, и наскоро се очекува да потпишат договор за решавање на проблемите, откако минатата недела беше прекината блкадата и беше пуштена електричната енергија во селото. Од општинскиот Совет на Слупчане велат дека ЕВН ќе влезе во селото да ја модернизира мрежата, а жителите ќе плаќаат сметки, додека долговите ќе се платата одеднаш или на рати, зависно од можностите на должните. В понеделник ќе биде последна рунда на преговорите.

    „99 отсто е завршена работата, останува само да се дефинираат некои ситници и да се потпише договорот. Надминати се најголем број на недоразбирањата, се договоривме за доброто на ЕВН и за граѓаните. Немавме големи несогласувања, разговорите течеа во мирна атмосфера, немаше посебни проблеми или натегања“, изјави извор од преговарачкиот тим на Слупчане.

    И од ЕВН потврдија дека преговорите ќе завршат до понеделник.

    „Денес повторно се одржа успешен состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане. На состанокот се финализираа техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата. Во понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот“, велат од ЕВН.

    Проблемот во Слупчане настана на почетокот на минатиот месец, откако ЕВН се обиде да постави електрични броила во домаќинствата, поради што екипите беа нападнати и избракани, а беше блокиран и влезот селото. Поради оштетувања на електричната мрежа целиот регион неколку дена остана без струја.

    Жителите доставија повеќе барања од ЕВН, како простување на долговите, нови приклучоци за 6.000 денари, потоа сметките да не можат да бидат повисоки од 3.000 денари без разлика на потрошената струја, ослободување на џамиите од плаќање.

    Откако состојбата ескалираше во решавање на проблемот се вклучи локалната власт на Општина Липково и политичките партии, кои гарантираа за безбедноста на екипите на ЕВН, по што струјата беше пуштена и почнаа преговори за решавање на недоразбирањата помеѓу двете страни.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира