ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ И ОВА ЛЕТО ИМА МНОГУ ПОСЕТИТЕЛИ, НО НА ПЛАЖИТЕ НЕМА ЧЕШМИ, САНИТАРИИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ

    ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ И ОВА ЛЕТО ИМА МНОГУ ПОСЕТИТЕЛИ, НО НА ПЛАЖИТЕ НЕМА ЧЕШМИ, САНИТАРИИ И ОСВЕТЛУВАЊЕЕдинствено се уредени плажите пред хотелот „Романтик“ и мотелот „На Велешко“ (Фото: СДК.МК)

    Езерото Младост преку лето се користи за рекреација и капење, но потребни се неколку инфраструктури зафати за посетителите да имаат можност да го користат. Ова од членовите на Советот на Општина Велес го побара д-р Снежана Петров од ЈЗУ Центар за јавно здравје, по расправата за квалитетот на водата во езерото.

    „Водите од Младост се од втора класа и можат да се користат за капење и за наводнување на околните површини. Препорака е да се санира крајбрежниот појас на дел од плажите, влегувањето во водата да биде пристапно, да има јавни чешми и санитарии и правилно да се одлага цврстиот комунален отпад“, побара д-р Петрова.

    Во летните месеци, езерото е посетено од голем број рекреативци, кои доаѓаат најчесто за викенд. Но, нема вода за пиење, тоалети, ниту осветлување за вечерните часови. Единствено се уредени плажите пред хотелот „Романтик“ и мотелот „На Велешко“.

    Од локалната власт најавуваат дека ова ќе биде решено со проектот „Паметно езеро“, вреден еден милион евра, чија реализација е во тек.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари