ФАБРИКАТА ЗА ВАР И КАМЕНОЛОМОТ ВО ПРЕВАЛЕЦ НАСЛЕДИЛЕ „А“ ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС

    ФАБРИКАТА ЗА ВАР И КАМЕНОЛОМОТ ВО ПРЕВАЛЕЦ НАСЛЕДИЛЕ „А“ ИНТЕГРИРАНА ДОЗВОЛА НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕСОпштинскиот инспектор за животна средина вели дека новиот оператор требало да ги исполни сите стандарди, па да добие „А“ интегрирана еколошка дозвола, а не старата дозвола од стариот оператор. - Фабриката за вар во Превалец (Фото: СДК.МК)

    Локалната власт од Велес ја оспори легитимноста на „А“ еколошка дозвола на фабриката во населбата Превалец. Општина Велес поднела жалба до Државната комисија за управна постапка од втор степен, оти на Фабриката за вар и каменолом „Превaлец“ им била пренесена „А“ еколошката дозвола од претходниот сопственик, без да се запази законската процедура. Ова го објави општинскиот инспектор за животна средина за Велес, Билјана Манаскова Шуркова, а по реакциите на жителите на Велес од населбите Превалец и Тунел, за загадувањето кое го предизвикува фабриката.

    „Во април добивме решение дека извршен е пренос на ‘А’ дозвола за усогласување. Усогласувањето на инсталациите заврши на 1 април 2014 година, согласно законот. Ако не добие усогласување во тој рок, за што има бројни примери во државата, се бара продолжување на рокот за усогласување за да се добие ‘А’ дозвола. Со оваа инсталација не е така. Во овој случај новиот оператор требало да ги исполни сите стандарди, па да добие ‘А’ интегрирана еколошка дозвола, а не старата дозвола од стариот оператор, со рокови кои се минати четири години да се пренесе на новиот оператор“, вели Билјана Манаскова Шуркова локален еколошки инспектор при Општина Велес.

    Одговор на жалбата и по два месеци немале добиено. Ја поднеле на 18 април годинава поради преносот на „А“ интегрирана дозвола од оператор „Уса констракшн“ за операторот „Техно Павер“. Во локалната власт велат дека биле изненадени кога го добиле решението за пренос на дозвола.

    Во 2012 година инсталацијата имаше оператор од Куманово „УСА констракшн“ и работеше само каменоломот, варницата не и тоа беше „Б“ инсталација и беше под ингеренција на локалната власт. На 14.06 2012 е издадена таа „Б“ дозвола за по шест месеци фабриката да поднесе барање до Министерство за животна средина за „А“ интегрирана дозвола. Таа постапка трае една година и повеќе. Министерството ја издаде дозволата за само два месеци и спротивно на законот не ја праша Општина Велес за да се запази постапката-кажа Манаскова Шуркова. За излез од настанатата состојба во два наврати претходните градоначалници прашале до Министерството што да преземат оти не може во круг на една фабрика да има две дозволи за процеси кои се меѓусебно поврзани. На тие прашање одговори не добиле.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира