ФАТЕНИ КРИВОЛОВЦИ НА ЦРНА РЕКА, НАДЛЕЖНИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА РИБАТА ЈА ЛОВЕЛЕ СО ДИНАМИТ

    ФАТЕНИ КРИВОЛОВЦИ НА ЦРНА РЕКА, НАДЛЕЖНИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА РИБАТА ЈА ЛОВЕЛЕ СО ДИНАМИТКај сторителите се пронајдени 13,6 килограми клен (Фото: СДК.МК)

    Велешките рибочувари заедно со кавадаречката полиција на Божиќ фатиле група криволовци на Црна Река, во атарот на селото Манастирец. Надлежните се сомневаат дека рибата е фатена откако бил фрлен динамит, за што ќе треба да се произнесат од Институтот за ветерина.

    „По дојава дека одредена група лица врши криволов, околу 19 часот е излезено на терен. Откако отидовме на самото место, двете лица побегнаа и се дадовме во потера по нив. Фатени се во дворно место, каде се пронајдени 13,6 килограми клен и две мрежи. Се сомневаме дека рибата е ловена со динамит бидејќи ѝ се оштетени внатрешните тапанчиња. Кај сторителите пронајдовме и помошно средство со кое рибата е собирана од реката, а тие да не влегуваат во вода“, изјави Шефкет Маслак, рибочувар од ЗСР „Бабуна“ од Велес.

    Избројано е дека со криволовот биле уловени 231 парче клен.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира