ФАТЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ ВО ТЕТОВО ПАЛЕА КОНТЕЈНЕРИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    ФАТЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ ВО ТЕТОВО ПАЛЕА КОНТЕЈНЕРИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАСПожарите беа предизвикани на 18 и 28 април (Фото: Фејсбук)

    СВР Тетово ги откри лицата кои минатиот месец во повеќе наврати предизвикаа пожар во контејнери за време на полициски час. Тогаш беа запалени неколку контејнери, при што мораше да интервенира и противпожарната единица од Тетово.

    „Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери, кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека сториле три кривични дела: предизвикување општа опасност, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и загадување на животна средина и природа. Тројцата малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците Благоја Тоска, 107 и Илинденска, прекршувајќи ја притоа и забраната за движење“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира