ФИЗИКАЛНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЌЕ НЕ Е КОВИД-ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ОТИ Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА БОЛНИ

    ФИЗИКАЛНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЌЕ НЕ Е КОВИД-ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ОТИ Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА БОЛНИПациентите се префрлаат на Инфективно одделени. (Фото: СДК.МК)

    Физикалното одделение во Велешката болница веќе нема да биде Ковид-центар оти е намален бројот на болни. Како Ковид-центар ова одделение почна да работи на 29 јануари, со 24 кревети.

    „Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, се затвора Ковид-одделението на Физикална. Пациентите се префрлаат на Инфективно одделение“, кажа д-р Елена Левкова-Ќулумова.

    Според последниот утрински извештај од Велешката болница, кај нив има згрижено 29 пациенти, 17 беа позитивни, а останатите со проблеми од коронавирусот. На кислородна поддршка се 15 болни. Пациентите кои се позитивни се згрижуваат во Инфективното одделение кое има 54 кревети, додека сомнителните случаи во кракот „Б“  од Интерното одделение.

    Последните четири дена, во Велешко има поголем број оздравени отколку нови заразени со ковид-19, според извештаите на Министерството за здравство. До вчера попладне активни беа 224 случаи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира