ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД „ПОИНАКУ“ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА БИТОЛА, ВЕЛИ ПАРИ ЗА КАМПАЊА НЕМА, НО ИМА ЧЕСНОСТ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ СИТЕ КОИ ГО КРАДЕА ГРАДОТ

    ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД „ПОИНАКУ“ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА БИТОЛА, ВЕЛИ ПАРИ ЗА КАМПАЊА НЕМА, НО ИМА ЧЕСНОСТ ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ СИТЕ КОИ ГО КРАДЕА ГРАДОТИлиевска, актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, помина три советнички мандати. (Фото: Фејсбук)

    Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, утрово објави дека како независна ќе се кандидира за градоначалничка на Битола. Таа ги повика сите битолчани кои сакаат да ја видат Битола поубава, почиста, непартиска и независна да ја поддржат.

    „После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки, еве да расчистиме. Ве повикувам сите битолчани, без разлика дали сте симпатизери или членови на која било  политичка партија, гласачи досегашни на која било  политичка опција, досегашни негласачи, сите кои сакате да живееме во поуба, почиста, непартиска, независна Битола, да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот“, повика  Илиевска.

    Илиевскиa вели дека, за разлика од политичките партии, таа како независна кандидатка нема пари за кампања и маркетинг, но тоа нема да ја спречи во борбата.

    „Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет, чесност и достоинственост да излезам против сите кои досега само ја крадеа Битола. Време е Битола да биди независна“, изјави Илиевска.

    Во изминатите години таа помина три советнички мандати во Советот на Општина Битола. На почетокот како советничка од ВМРО-Народна партија, а во последните два мандата како незaвисна од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Тие во изминатиот период  беа познати во јавноста по тоа што  без влакна на јазикот во Советот ги критикуваа состојбите кои сметаат дека не ја водат Битола во подобар правец.

    Илиевска е првата жена независна кандидатка за градоначалничка на Битола.

    Државната изборна комисија (ДИК) синоќа донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за Локалните избори 2025 година. Со Правилникот се предвидува независните граѓански иницијатива да можат да учествуваат на изборите со собрани два потписа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира