Галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ се урива одвнатре. Екипи од ЈП „Улици и патишта“ го отстрануваат мебелот и ентериерот на бродот, по што ќе се следи отстранување и на конструкцијата.
„Активностите за демонтажа на бродот се во тек, очекуваме есенва тој целосно да биде отстранет и овој дел ослободен“, велат од Град Скопје.
Сопственост на бродот, фирмата „ЕМУС сервис АД Скопје“, го тужи Град Скопје за уривањето. Од Град Скопје велат дека биле исполнети сите услови за раскинување на договорот односно газдата не платил кирија три месеци, а укината е и времената мерка од судот.
Од Град Скопје велат дека трошоците за уривање ќе ги плати газдата на бродот.
А. АНТЕВСКА