ГЕРАСИМОВСКИ ПРЕКУ ЗЕЛС БАРА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МОЖЕ ДРЖАВАТА ДА КОНФИСКУВА ДИВОГРАДБИ

    ГЕРАСИМОВСКИ ПРЕКУ ЗЕЛС БАРА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МОЖЕ ДРЖАВАТА ДА КОНФИСКУВА ДИВОГРАДБИДивоградбата на Пластичарска која никој не ја урива. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска достави иницијатива за конфискација на дивоградби до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

    Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, Општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на нејзината територија чие рушење чини стотици илјади евра. Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство“, вели Герасимовски.

    Преку оваа Иницијатива треба да се интервенира во две законски решенија – Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка.

    За да се реализира оваа идеја на Герасимовски, ЗЕЛС треба да достави барање до Владата. Потоа Владата треба да ги изврши потребни законски измени за да може да се примени оваа одредба, а потоа тие измени да се изгласаат од пратениците во Собранието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира