ГО НАТЕРАЛА ДА СЕ СОБЛЕЧЕ ПРЕД КАМЕРА, А ПОТОА ГО УЦЕНУВАЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГО НАТЕРАЛА ДА СЕ СОБЛЕЧЕ ПРЕД КАМЕРА, А ПОТОА ГО УЦЕНУВАЛА

    Дваесет и шестгодишниот тетовец М.О. пријави во тетовската полиција дека бил уценуван од непозната девојка. Нецел час пред завчеравечер да пријави случајот, тој на една од социјалните мрежи разговарал со непознатата девојка. Разговарале на англиски јазик и притоа и двајцата користеле видео камери.

    Девојката, според кажувањето на М.О., откако целосно се соблекла пред камера побарала и М.О. да го направи истото. Набрзо откако и тој се соблекол и се прикажал пред камерата, девојката му рекла дека неговиот видео-клип ќе го објави на мрежата „Јутјуб“ доколку не ѝ исплати 500 американски долари.

    М.О. не се согласил со тоа, велејќи дека дека во моментот нема толку пари, но тоа не помогнало и за кусо време  клипот веќе бил поставен на „Јутјуб“. По ова тој случајот го пријавил во тетовската полиција која превзема мерки за откривање на ученувачот.  

    Уцена со објавување пораки со недолична содржина бележи и полицијата од Гостивар. Дваесет и двегодишната А.Ј. од гостиварското село Добридол, завчера пријавила дека изминатите два дена на нејзиниот мобилен телефон засега непознатo лице и испратило 30-40 СМС-пораки со недолична и навредлива содржина и и побарало да му плати 2000 евра. Во спротивно, уценувачот и се заканувал дека  ќе објавел нејзина фотографија со контроверзна содржина која, како што кажала А.Ј., била монтирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира