Голем пожар избувна во подножјето на Националниот парк Пелистер, соопштија од Територијалната противпожарна единица за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според командирот Горан Димковски, пожарот се појави од три места во близина на потпелистерското село Цапари и се шири кон соседното село Ротино поради што постои опасност и за проширување кон Националниот парк.
На терен интервенираат четири возила со 15 пожарникари од Територијаната противпожарна единица од Битола и дополнително се вклучени вработени лица во Националниот парк со нивно возило.
Димковски вели дека лош сојузник во гаснењето е силниот ветер, но пожарникарите ги преземаат сите потребни мерки за да го спречат неговото ширење кон соседните населби и Националниот парк.
Ж. ЗДРАВКОВСКА