ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ВЕЛЕС, ГОРАТ БОРОВА ШУМА И СУВА ТРЕВА

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА ВЕЛЕС, ГОРАТ БОРОВА ШУМА И СУВА ТРЕВАЦрниот чад од пожарот стигнува и до Велес, а го отежнува и сообраќајот на автопатот (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар ја зафати боровата шума близу Велес, на крстосницата за Башино Село и патот кон езерото Младост.

    Огнот избувнал околу пладне, кога пожарникарите од ТППЕ од Велес добиле повик и испратиле екипи да го локализираат. Бидејќи е зафатена голема површина, при што освен дрвја гори и сува трева, Општина Велес побарала од Центарот за управување со кризи во гаснењето да се вклучат и канадери.

    Црниот чад од пожарот стигнува и до Велес, а го отежнува и сообраќајот на автопатот на излезот кон Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира