СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР СРЕДЕ СКОПЈЕ

    СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР СРЕДЕ СКОПЈЕГори галијата „Среќа“ која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива.(Фото: СДК.МК)

    Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш по примената дојава за пожар, интервенираа по што за кратко време беше изгаснат и не се дозволи да се прошири.

    Станува збор за галијата „Среќа“, која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.

    Сега бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира