ГОРИ ПЛАНИНА ВО СТРУШКО

    ГОРИ ПЛАНИНА ВО СТРУШКОСтрушките пошарникари велат дека ова бил прв поголем пожар летово на отворен простор. (аматерска фотографија)

    Пожарот што избувна попладнево над селото Делогожда, Струшко и натаму гори. Екипите што сѐ таму не можат да ја совладаат огнената стихија. Пожарот првин избувнал во месноста позната како „бегова шума”.

    Во гаснењето на огнената стихија учествуваат претставници на струшката противпожарна бригада, како и месното население. Сето тоа не е доволно да се изгасне пожарот кој и натаму беснее.

    Струшките пошарникари велат дека ова бил прв поголем пожар летово на отворен простор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари