ГОРИ РЕСТОРАНОТ „РАГУЗА“ НА КАТНАТА ГАРАЖА СПРОТИ МАКПЕТРОЛ ВО СКОПЈЕ

    ГОРИ РЕСТОРАНОТ „РАГУЗА“ НА КАТНАТА ГАРАЖА СПРОТИ МАКПЕТРОЛ ВО СКОПЈЕПожарникарските екипи дојдоа од Чаир, каде гаселе пожар во куќа на улица Дижонска. (К. Попов)

    Гори катната гаража над „Тинекс“ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин во центаеот на Скопје. Се запали ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“.

    „Се запалил ресторанот ‘Рагуза’, најгоре на катната гаража. Екипите заминуваат на терен”, ни изјави Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.

    Пожарникарските екипи дојдоа од Чаир, каде гаселе пожар во куќа на улица Дижонска. Во подрумските простории се запалиле спрејови.

    Веќе 20 минути пламенот не стивнува, не се смалува, туку се шири и појачува. Во катната гаража има возила.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира