ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ПОЧНА ДА ГО МЕНУВА АСФАЛТОТ НА НАЈФРЕКВЕНТНАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ

    ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ПОЧНА ДА ГО МЕНУВА АСФАЛТОТ НА НАЈФРЕКВЕНТНАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТЗатворена е една коловозна лента, каде се отстранува стариот и се поставува нов слој асфалт. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје го менуваат асфалтот на улицата Димитрие Чуповски во најстрогиот центар на градот. Затворена е една коловозна лента, каде се отстранува стариот и се поставува нов слој асфалт.

    Иако станува збор за најфреквентната улица во Скопје, немаше најава од Град Скопје за реконструкцијата. Не се знае до кога ќе траат градежните работи и дали ќе се работи само за викенд кога нема голема фреквенција на возила.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира