ГРАД СКОПЈЕ ГИ ТРГНА НОВОГОДИШНИТЕ КУЌАРКИ ОД ПЛОШТАДОТ

    ГРАД СКОПЈЕ ГИ ТРГНА НОВОГОДИШНИТЕ КУЌАРКИ ОД ПЛОШТАДОТВчера попладне почна отстранувањето, а утрово на Плоштадот немаше ниту една куќарка и плочникот повторно е празвен. (Фото: К.Попов)

    Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од јавните претпријатија на Град Скопје со камиони вчера попладне почнаа да ги отстрануваат куќарките, а утрово на Плоштадот немаше ниту една и плочникот повторно е празен.

    САКАМДАКАЖАМ.МК во саботата на 13 април објави текст дека дрвените куќарки се затворени, никој не ги користи и иако одамна поминаа новогодишните празници тие уште стојат на плочникот. Куќарките беа поставени десет дена пред Нова година и на нив се продаваа новогодишни украси и пијалоци.

    На дел од улиците од Скопје сè уште висат и новогодишни украси. Поголемиот дел беа тргнати во март, но дел се заборавени.

    Лани градот беше украсен на десет дена пред Нова година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. Одговарајќи на критиките дека градот доцна беше украсен, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

    За новогодишното украсување во Град Скопје влезе Финансиската полиција за да провери кој го платил, бидејќи не беше распишана јавна набавка, ниту јавен повик. Досега од Финансиската полиција нема информација што открила истрагата.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира