ГРАД СКОПЈЕ ГО РЕКОНСТРУИРА ОШТЕТЕНИОТ СПОМЕНИК НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ЖЕНА ПАРК

    ГРАД СКОПЈЕ ГО РЕКОНСТРУИРА ОШТЕТЕНИОТ СПОМЕНИК НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ЖЕНА ПАРКПлочите на споменикот кои беа оштетени, по налог на Град Скопје се извадени за да се обноват.(Фото: К. Попов)

    Оштетениот споменик на децата бегалци во паркот Жена борец комплетно ќе биде реконструиран. Споменикот беше оштетен лани во октомври, запуштен е и не работи фонтаната. Плочите на споменикот кои биле оштетени, по налог на Град Скопје се извадени за да се обноват.

    „На посочената локација Град Скопје врши комплетна реконструкција на одредени оштетувања, каде постапката е во тек. Со цел вршење на овие зафати, неколку од одредени елементи се отстранети. Со овој зафат ќе се постави комплетно нова инсталација на фонтаната, а ќе бидат поставени и нова пумпа и прскалки“, велат од Град Скопје.

    Споменикот е поставен во 1988 година, а беше оптетен лани во октомври. (Фото: Е. Бабамова)

    Споменикот е посветен на егзодусот на над 20.000 деца–жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949, а беше поставен на 30 јуни 1988, кога во Скопје се одржа Првата светска средба на децата бегалци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира