ГРАД СКОПЈЕ ГО УРИВА ПОСТАМЕНТОТ НА ЌОСЕТО

    ГРАД СКОПЈЕ ГО УРИВА ПОСТАМЕНТОТ НА ЌОСЕТОСо две градежни машини се уриваше бетонскиот постамент и како што велат од Градот тој денеска треба да биде отстранет а просторот исчистен.(Фото:Град Скопје)

     

    По налог на Град Скопје денеска почна да се урива постаментот на кој стоеше споменикот на Андон Јанев-Ќосето. Со две градежни машини се уриваше бетонскиот постамент и како што велат од Градот тој денеска треба да биде отстранет а просторот исчистен.

    „Наскоро на местото каде што стоеше споменикот на Ќосето ќе биде засадено дрво на човековите права од видот Гинко кое ќе чини 5.000 денари“, велат од Град Скопје.

    Споменикот на Ќосето беше отстранет од пред Врховниот суд на 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод Тито. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека Ќосето е отстранет бидејќи е дивоградба односно ексградоначалникот Коце Трајановски го поставил без одобрение за градба.

    Споменикот на Андон Јанев-Ќосето е донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Како што кажа по неговото отстранува Шилегов за него и за другите споменици кои ги донирало Здружението се води судска постапка оти не се платени на Рудници и железарници институт каде се лиени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира