ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ ТАРТАН ПАТЕКА ОД 500 МЕТРИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

    ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ ТАРТАН ПАТЕКА ОД 500 МЕТРИ ВО ГРАДСКИ ПАРКГрадоначалникот Петре Шилегов кажа дека ваква кружна патека ќе се направи и околу големото езеро во Градскиот парк.(Фото: Град Скопје)

    Околу малото езеро во вториот дел на Градскиот парк, Град Скопје направи тартан патека за трчање. Патеката е долга 534 метри, има кружна форма и е прва тартан патека на јавен просторот во градот. Патеката можат да ја користат сите граѓани, како и професионалните спортисти.

    „Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, Градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена“, рече градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новата тартан патека во Градскиот парк.

    Околу тартан патеката е поставена урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира