ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ЈА ПОПРАВА ПОДНАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ЈА ПОПРАВА ПОДНАТА ФОНТАНА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈАФонтаната ќе биде завршена за неколку дена. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје почна да ја поправа подната фонтана на Плоштадот Македонија која со години не работи. Во моментов се изведуваат градежните активности, а како што најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде завршена за неколку дена.

    „Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето туку место за прошетка и фотографија“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Подната фонтана на Плоштадот беше направена во времето на градоначалникот Коце Трајановски како дел од проектот „Скопје 2014“ и чинише 2,5 милиони евра.

    Во фонтаната неколку пати пропаѓаа камиони. Во мандатот на Данела Арсовска, за да се спречи движење оти е небезбедна, над неа  беа ставени жардиниери.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира