ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ОДЗЕМА ЛИЦЕНЦИ НА ТАКСИСТИ КОИ ЧЕКААТ ПАТНИЦИ КАЈ СТИГНАТ

    ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ОДЗЕМА ЛИЦЕНЦИ НА ТАКСИСТИ КОИ ЧЕКААТ ПАТНИЦИ КАЈ СТИГНАТКазентите четворица таксисти како по обичај биле паркирани и чекале патници на булеварот, а не на обележаната такси станица на Бит пазар. (Фото: Град Скопје)

    Лиценци на 4 такси возила одземаа денеска инспекторите на Град Скопје при контроли на Бит Пазар. Таксистите како по обичај биле паркирани и чекале патници на булеварот, а не на обележаната такси станица.

    „Поради попречување на сообраќајот и неправилно паркирање надвор од бележано место одземени се лиценците во рок од 30 дена. Инспекторатот на Град Скопје и во наредниот период ќе врши засилени контрои низ цел град, со цел да го спречиме паркирањето на таксисти кој каде стигне. На сите што нема да ги почуваат правилата ќе им бидат одземени лиценците“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

    Град Скопје минатата недела со казна од по 500 евра казни таксисти кои беа паркирани на улицата Љубљанска пред трговскиот центар „Сити мол“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари