ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВА УЛИЦА ЗА ВЛЕЗ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

    ГРАД СКОПЈЕ ПРАВИ НОВА УЛИЦА ЗА ВЛЕЗ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКАВикендов екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе завршат со пробивање и тампонирање на улицата, а од понеделник ќе се асфалтира. (Фото: К.Попов)

    Се прави нова улица за влез на Инфективната клиника. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ пред два дена почнаа со изградба на два нови коридори за непречен влез на возила кон Клиничкиот центар.

    „По барање на Министерството за здравство, започнавме со изградба на два коридори. Се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила на Брза помош и нова улица зад Инфективната клиника, со што ќе се добие уште влез. До недела улицата ќе биде пробиена и тампонирана, а од понеделник ќе почнеме со асфалтирање“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    И викендов екипи од ЈП „Комунална хигиена“ ќе ги мијат и дезинфицираат улиците и контејнерите во кругот на Клиничкиот центар.

    Шилегов вели дека секој ден низ градот се мијат булеварите и улиците. Денеска спроведена е акција за дезинфекција и на улиците во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари