ГРАД СКОПЈЕ ВО ДЕКЕМВРИ КАЗНИЛ 4 ЗАГАДУВАЧИ

    ГРАД СКОПЈЕ ВО ДЕКЕМВРИ КАЗНИЛ 4 ЗАГАДУВАЧИМесецов инспекторите извршиле по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола.(Фото: СДК.МК)

    Инспекторите за животна средина на Град Скопје казниле 4 објекти со Б интегрирана дозвола кои ги пречекорувале дозволените вредностите. Месецов извршени биле по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола.

    „При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај 4 инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина“, велат од Град Скопје.

    Од Градот велат дека Инспекторатот вовел сменско работење и дежурства кои почнуваат од 6 часот наутро, како и после полноќ, се до раните утрински часови, како и за време на викендите, со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.

    „Во периодот од октомври до февруари кога има зголемено загадување на воздухот на територијата на Град Скопје се врши секојдневна контрола на градилиштата. Бројот на изречени казни изминативе 3-4 месеци, во однос на истиот период 2017 година е речиси двојно зголемен. Контролирани се 51 градилиште и изречени 8 казни за валкани гуми и пристапот до градилиштето. Воведена е втора смена и се контролира целата територија на град Скопје, со акцент на критичните точки. Направена е координација со општинските инспекторати за зајакнување на контролата и координацијата помеѓу градските и општинските комунални редари“, додаваат од Град Скопје.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари