ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕЏЕТИ БАРА МАСОВНО ТЕСТИРАЊЕ ВО САРАЈ, ЌЕ ПРИФАТИ КАРАНТИН АКО ТОА ГО ПРЕДЛОЖАТ НАДЛЕЖНИТЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕЏЕТИ БАРА МАСОВНО ТЕСТИРАЊЕ ВО САРАЈ, ЌЕ ПРИФАТИ КАРАНТИН АКО ТОА ГО ПРЕДЛОЖАТ НАДЛЕЖНИТЕБеџети апелираше жителите на Сарај да носат маски, да одржуваат растојание и да не прават фамилијарни и пријателски собири. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети побара да се спроведе масовно тестирање во општината, со цел да се открие точниот број на заразени. На денешната прес-конференција кажа дека до денеска во Сарај има 41 лице позитивно на КОВИД-19, а половината од заразените се од три-четири семејства.

    „Мора бескомпромисно да се почитуваат мерките. Овој вирус не е шега и тоа се докажува секој ден. Силно апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, да носат маска, да одржуваат дистанца, да одбегнуваат пријателски и фамилијарни собири и да одржуваат лична хигиена. Само така ќе бидеме заштитени. Надлежните мора да ги зголемат бројот на тестирања. Само со 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразата“, рече Беџети.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе прифати карантин на Сарај како една од мерките на Владата за спречување на ширење на вирусот, Беџети рече дека ќе ги почитува сите одлуки со кои се заштитува здравјето на граѓаните вклучувајќи ја и одлуката за затворање на општината.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира