ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕЏЕТИ СЕ ЗАКАНИ СО РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЕЏЕТИ СЕ ЗАКАНИ СО РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКАГрадонаалникот на Општина Сарај Блерим Беџети вели дека нема време да се занимава со три даски на Матка, прашан за дивите платформи. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети се закани дека ако Владата му ги одземе надлежностите поради дивите платформи на Матка, тој ќе организира референдум за да жителите на Сарај да одлучат за тоа.

    Тој вели дека решавањето на дивите платформи на Матка не е приоритет, бидејќи имал други работи важни за жителите на општината.

    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК до каде е постапката околу барањата на сопствениците за легализација и дали има намера да ги урива, Беџети рече уште се водел судски спор.

    „Сѐ уште се води судски спор. Немам јас време да се занимавам само со три даски на Матка. Ние имаме куп проблеми како општина, делови на Сарај немаат вода, канализација, патишта“ рече Беџети на денешната прес-конференција.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари