ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ БАРА ВО ВЕЛЕС ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19, ОТИ ОД УТРЕ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ПОРАДИ ТРОЈЦА БОЛНИ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ БАРА ВО ВЕЛЕС ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19, ОТИ ОД УТРЕ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ПОРАДИ ТРОЈЦА БОЛНИЦентарот за јавно здравје во Велес нема да работи откако тројца вработени се позитивни на КОВИД-19, па градот со 51 активен болен со коронавирус останува без можност за земање брисеви од сомнителни случаи. (Фото: СДК.МК)

    Од утре натаму, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес ќе биде затворен, а вработените дома. Ова доаѓа откако тројца вработени во Центарот беа позитивни на КОВИД-19, па градот со 51 активен болен со коронавирус останува без можност за земање брисеви од сомнителни случаи. Во оваа здравствена институција има регистрирано три случаи на позитивни на КОВИД-19, двајца здравствени работници и еден административец.

    За ваквата состојба реагираше градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој бар од надлежните да најдат решение.

    „Велес не смее да биде оставен без земање брисеви. Како локална власт обезбедивме посебна зграда, поранешното ОУ ‘Јорадан Хаџи Констатнинов-Џинот’, каде се извршуваше оваа постапка. Просторот не е спорен, спорно е што вработените од Центарот за Јавно здравје Велес не смеат тоа да го работат, ќе бидат во карантин. Значи ќе треба некои други мобилни екипи во тој простор кој им е на располагање да земаат брисеви, за да се изработат тестови“, кажа градоначалникот Коцевски.

    Тој рече дека реагирал и до Централниот кризен штаб, за случајот со голем продажен објект каде имало повеќе позитивни на КОВИД-19.

    „Побарав стручните комисии да направат стручна проценка дали има потеба за затворање на објектот или не. Добив одговор дека засега не е потребно. Таму се заразени шест лица од две различни компании кои го користат просторот од продажниот објект. Има заразени членови на семејствата на лицата таму вработени. Во саботата се изврши испитување на 37 вработени лица и брисевите покажаа дена нема ниту еден болен од нив“,  кажа Коцевски.

    Од Државниот санитарен и здравствен инсепекторат (ДСЗИ) најавуваат дека од утре, сите вработени во маркетот ќе бидат заменети со целосно нов персонал, а во објектот ќе се изврши и механичко чистење. Првиот случај на коронавирус од овој објект е регистриран кај лице кое било на погреб во Куманово.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира