ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВИСАР ГАНИУ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВИСАР ГАНИУ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Уште еднаш апелирам и ги молам граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за носење заштитна маска и држење дистанца“, напиша на Фејсбук Ганиу.(Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на скопската општина Чаир Висар Ганиу е позитивен на КОВИД-19. Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека вчера направил тест, а денес ги добил резултатите дека има коронавирус.

    „Жалaм за сите контакти кои сум ги имал изминатиот период. Уште еднаш апелирам и ги молам граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за носење заштитна маска и држење дистанца“, напиша на Фејсбук Ганиу.

    Во Општина Чаир има најголем број на активни случаи на коронавирус. Според податоците на Институтот за јавно здравје до вчера во Чаир со коронавирус за заразени 73 граѓани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира