ГРАДСКИОТ ПАРК БЛОКИРАН ОД ДИВО ПАРКИРАНИ КОЛИ НА СОВЕТНИЦИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ КОИ ДОЈДОА НА СЕДНИЦА

    ГРАДСКИОТ ПАРК БЛОКИРАН ОД ДИВО ПАРКИРАНИ КОЛИ НА СОВЕТНИЦИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ КОИ ДОЈДОА НА СЕДНИЦАВо овој дел од паркот е забрането паркирање, но градската власт не го почитува законот. (Фото: СДК.МК)

    Дел од скопскиот Градскиот парк денеска е блокиран од коли зашто во Советот на Град Скопје се одржува седница, па дел од советниците и директори на јавните претпријатија и установи на диво се паркираат во пешачката зона на паркот. Во овој дел од паркот е забрането паркирање, но градската власт не го почитува законот и ова се случува секогаш кога се одржуваат седници на Советот.

    Пред бараките на Град Скопје како и пред Зоолошка градина има зонско паркирање под управа на ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето чини по 25 денари час.

    На паркингот пред Град Скопје утрово немаше место за паркирање, па советниците и директорите наместо да најдат друго место, решија колите да ги остават во Градски парк.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира