ГРАЃАНИ НИ ПРИЈАВУВААТ ЛАЖНИ ПОЖАРИ, ВЕЛАТ ОД СКОПСКАТА ПОЖАРНА

    ГРАЃАНИ НИ ПРИЈАВУВААТ ЛАЖНИ ПОЖАРИ, ВЕЛАТ ОД СКОПСКАТА ПОЖАРНАВчера седум пријави за пожар беа лажни, велат од скопската Пожарна; - Од гасењето во Пехчево. (Фото: Град Скопје)

    Граѓани се јавуваат на бројот 193 на Противпожарната бригада на Град Скопје и пријавуваат лажни пожари. Од Пожарна велат дека периодот кога гори цела држава и интервенираат и во другите градови, дополнителен проблем им се лажните пријави.

    „Вчера, во период од 10 до 21.45 часот на бројот 193 беа примени 29 пријави за пожари на територија на Град Скопје. Од кои за 22 пожари со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и во фабриката ‘Охис’ каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни”,велат од скопската Пожарна.

    Веќе неколку дена екипи од Пожарната на Град Скопје го гасат пожарот во Пехчево и Берово, кој денеска се прошири и кон Делчево.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира