ГРАЃАНИТЕ МЕ ИЗБРАА ДА ГИ РЕШАВАМ НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИТЕ, 306 ДЕЦА ОД КАРПОШ СЕДАТ ДОМА ОТИ ВО ГРАДИНКИТЕ СЕ ПРИМЕНИ ДЕЦА ОД ДРУГИ ОПШТИНИ, ВЕЛИ ЈАКИМОВСКИ

    ГРАЃАНИТЕ МЕ ИЗБРАА ДА ГИ РЕШАВАМ НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИТЕ, 306 ДЕЦА ОД КАРПОШ СЕДАТ ДОМА ОТИ ВО ГРАДИНКИТЕ СЕ ПРИМЕНИ ДЕЦА ОД ДРУГИ ОПШТИНИ, ВЕЛИ ЈАКИМОВСКИ„Кажете ми што да направам, кога родителите кои ме избрале и плаќаат данок на оваа општина не можат да ги запишат децата, а местата ги држат 200 деца од други општини“, вели Јакимовски. (Фото: Општина Капрош)

    Децата кои се запишани во градинките во Општина Карпош, а се со место на живеење во други скопски општини, од 10 јуни ќе бидат отпишани. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека ова го најавил уште во јануари за да ги реши проблемите и барањата на граѓаните.

    Проблемот, како што вели, е настанат поради тоа што минатото раководство предводено од ексградоначалникот Стефан Богоев запишувало деца и од други Општини и поради тоа нема место за деца од Карпош.

    Мене ме гласаа граѓаните на Карпош да ги решавам нивните проблеми. 306 деца од Карпош седат дома, не ги примаат во градинка оти нема место, а запишани се деца од другите општини. Родителите ми викаат ќе ви ги донесеме во Општина, па чувајте ни ги вие. И кажете ми сега јас што да направам, кога родителите кои ме избрале, кои со години живеат во Карпош и плаќаат данок на оваа општина, не можат да ги запишат децата, а местата ги држат 200 деца од други општини“, вели градоначалникот Јакимовски.

    Јакимовски вели проблемот со немањето место во градинките во Карпош е и во тоа што немаат доволно негувателки и воспитувачки односно Министерството за труд и социјална политика не одобрува вработувања.

    Имаме 11 празни простории, но немаме негувателки. И наместо да се згрижуваат деца тие седат дома оти не се дозволува вработувања. Вработени одат во пензија или дават отказ и пак не се дозволува да се вработи на нивно место кадар“, додава Јакимовски.

    Јакимовски и во неговиот претходен мандат донесе одлука деца од други општини да не се примаат во градинките и училиштата во Карпош.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира