ГРНЧАРИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАРАБОТУВААТ САМО ЗА ЗАДУШНИЦА

    ГРНЧАРИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАРАБОТУВААТ САМО ЗА ЗАДУШНИЦАСвоевремено во Велес имало десетина грнчари, сега се само двајца (Фото: СДК.МК)

    Стариот велешки занает грнчарството барем еден ден во годината е популарен, а грнчарските производи се барани. Така е на верскиот празник Задушница, кој го зголеми интересот за грнчарските производи во Велес.

    На овој ден се раздава за помен на починатите, а според традицијата и верувањето кај велешани, најдобро е тоа да биде грнчарија, бардаци, земјени садови. Поради тоа, на Градскиот пазар најголем интерес  денес имаше токму за овие прозиводи.

    Задушница е денот кога според народното верување, душата на покојните претци доаѓа од оној свет, кај своите блиски барајќи вода, храна, поради што се раздваат за спомен и овие грнчарски производи.

    Ако своевремено во градот имало десетина грнчари, сега се само двајца.  Меѓу нив  беше и Гордана Недева, која секој пазарен ден е на велешкиот пазар и ја нуди нејзината  стока, но за разлика од другите денови овој пат имаше поголема потрошувачка.

    „Традиционално, за Задушница велешани купуваат грнчарски производи, кој што милува. Порано се продавало многу  повеќе, сега не е така. Само постарите купуваат од нив, помладите земаат порцелан“,  вели  Гордана.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира