ХОЛАНДСКИ БРАЧЕН ПАР ДОНИРАШЕ 10 СЕНЗОРИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ВЕЛЕС ОТИ ГРАДОТ ИМА САМО ЕДЕН

    ХОЛАНДСКИ БРАЧЕН ПАР ДОНИРАШЕ 10 СЕНЗОРИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ВЕЛЕС ОТИ ГРАДОТ ИМА САМО ЕДЕНМерните инструменти ќе бидат поставени на десет локации во градот, а жителите преку апликација ќе може да следат колкаво е загадувањето. (Фото: СДК.МК)

    Холандскиот брачен пар Александер и Ива Долстра на Велес му донираа 10 сензори за мерење на квалитетот на воздухот. Тие се во вредност од 2.000 евра.

    „Овие мерни инструменти ќе бидат поставени на десет локации во градот, а жителите на Велес преку апликација ќе можат да следат колкаво е загадувањето на воздухот. Ние како локална власт имаме поднесено барање за поставување уште 2-3 инструменти за мерење на загадувањето до Министерството за животна средина, оти имаме само еден, што е премалку за Велес“, кажа Петре Цилаков, раководител на секторот за животна средина во Општина Велес.

    Мерните инструменти ќе ги мерат вредностите на ПМ10 и ПМ2,5 честичките и работат на струја и ви-фи. Донацијата е обезбедена преку советникот Даниел Јаневски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира