Амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска во паркот во Чаир возеа велосипед со цел да се промовира толеранцијата и соживотот.
„Целта на оваа активност е да се промовира велосипедизмот како корисна спортска активност за здравјето и за чистотата на воздухот, но пред сѐ да се стимулира соработката, да се промовира толеранцијата, мирниот соживот и социјалната кохезија“, рече градоначалникот Ганиу.
Ова е втора спортска активност во рамките на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија“, која Општина Чаир ја спроведува заедно со амбасадите на Велика Британија и Холандија.