ХОТЕЛИТЕ НА КЕЈОТ ПОД СКОПСКОТО КАЛЕ ЌЕ СЕ ИЗБРШАТ И ЌЕ СЕ ПРЕДВИДИ ЗЕЛЕНИЛО И СПОРТСКИ ТЕРЕНИ КОГА ЌЕ ЗАВРШАТ СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ

    ХОТЕЛИТЕ НА КЕЈОТ ПОД СКОПСКОТО КАЛЕ ЌЕ СЕ ИЗБРШАТ И ЌЕ СЕ ПРЕДВИДИ ЗЕЛЕНИЛО И СПОРТСКИ ТЕРЕНИ КОГА ЌЕ ЗАВРШАТ СУДСКИТЕ ПОСТАПКИСо планот се брише маркичка за катна гаража, а се предвидува отворен паркинг. (Фото: Општина Центар)

    Кога ќе завршат судските процеси, хотелите под скопското Кале долж реката Вардар ќе бидат избришани и ќе се предвиди зеленило и спортски терени, кажаа од Општина Центар на јавната презентација на Деталниот урбанистички план (ДУП) Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2. Во оваа верзија на планот маркичките за хотелите остануваат бидејќи, како што кажаа од Општината, не се завршени судските постапки и земјиштето не е вратено во државна сопственост. Исто така, до завршување на судските постапки остануваа и маркичките за културните објекти до Француски гробишта кои се продадени на приватни лица. Таму пак ќе се предвиди намена за државни институции.

    „План за овој дел не е донесан од 1993 година. Со овој план, во однос на делот каде имаме домување со 4 згради и куќи се задржува постојната состојба, приземје плус 2 ката, односно нема зголемување на катноста. Придобивка за граѓаните е што сега со новиот план може да си ги дооофрмат парцелите и да си ги решат имотите. Измена е направено во делот од амбасадата на САД кон улицата Ѓорѓи Личеновски.  На овој простор било предвидена изградба на катна гаража на 5 ката, но маркичката за неа сега се брише, бидејќи на средина поминува колектор на ‘Водовод и канализација’ кој треба да остане отворен, не смее да се затвора. Исто така, пределот над колекторот е стрмен, така што таков предел не е соодветен за градба. Сега предвидуваме паркирање во делот под колекторот, каде теренот е рамен, но не во катна гаража туку на отворен паркинг простор“, рече Билјана Насковиќ, радоводителка на Одделението за урбанистичко планирање на Општина Центар.

    Во овој дел преку реката Вардар се предвидува изградба на пешачки мост, со што се овозможува и за овој дел на Скопје паркирање за пристап до стадион и парк.

    Со новиот план за првпат во овој дел се предвидува градинка, а на улиците Самоилова и Ѓорѓи Личеновски изведба на велосипедски и  пешачки патеки. Во планот остануваат тунелите под Кале со трасата предвидена со Генералниот урбанистички план (ГУП) од 2012 кој е уште во важност, бидејќи новиот ГУП уште не е донесен.

    Вчера, Општина Центар одржа јавна презентација и на планот Кале и СРЦ Кале. Со новиот ДУП сите куќи, хотели и објектите околу Музејот на соверемена уметност и околу Калето треба да се урнат ,оти тој простор е заштитено подрачје и не смее да има објекти туку се предвидува намена парковско зеленило.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира