ХУМАНИТАРЦИ ОД ЗРНОВЦИ И ШТИП ДОНИРАА ХРАНА И БЕЛА ТЕХНИКА ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА, УБИЕНА ЛАНИ БЛИЗУ НЕЈЗИНИОТ ДОМ

    ХУМАНИТАРЦИ ОД ЗРНОВЦИ И ШТИП ДОНИРАА ХРАНА И БЕЛА ТЕХНИКА ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ЕМИЛИЈА ПЕШЕВА, УБИЕНА ЛАНИ БЛИЗУ НЕЈЗИНИОТ ДОМПомош во храна и бела техника однесе Андреј Ангелов од Зрновци, а Александар Георгиевски од Штип најави брза изградба на нов тоалет и реновирање на собата во која ќе живее 6-годишниот син на Пешева. (Фото: Принтскрин од видео)

    Хуманитарци од Зрновци и од Штип донираа храна за шестгодишниот син на Емилија Пешева, која лани на први ноември беше убиена во напуштен објект во близина на нејзиниот дом. Хуманитарците најавија брза изградба на комплетно нов тоалет и реновирање на собата во која таа живеела како самохрана мајка со детето.

    Дваесетидеветгодишната Пешева ја уби нејзиниот партнер Ф. З. (25) откако првин почнал да ја тепа, а потоа ја задавил во напуштен објект во Штип. Потоа, како што соопшти МВР, самиот се пријавил во полиција.

    Андреј Ангелов кој за Водици го фати крстот во Зрновци ваучерот во бела техника и целата храна што ја собирале по празникот, ги донира на семејството Пешеви во Штип.

    „За ваква хуманост сум мотивиран уште кога имав 15 години кога ја загубив својата мајка. Денеска ми се исполни таа цел на ова сиромашно штипско семејство да донираме бела техника и средства за хиегиена набавена преку ваучерот што го добив за крстот и храна што е подарувана од луѓето кога со крстот ги посетувавме нивните домови“, вели Ангелов.

    Со него беше и штипскиот хуманитарец Александар Георгиевски, кој најави брза изградба на комплетно нов тоалет и целосно реновирање на собата во која живеела Емилија.

    Таткотото на Емилија, кој живее само од поправка на моторни пили и сечење дрва, рече дека тие живеат во крајна сиромаштија и затоа е благодарен на хуманитарната помош што ја добиле, а посебно е благодарен што полското веце ќе го заменат со нов тоалет и ќе се реновира собата во која ќе биде живее шестгодишниот внук.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира