И БРОДОТ „ИЛИНДЕН“ КОЈ ПОТОНА ПРЕД 10 ГОДИНИ, ИЗВАДЕН Е ОД СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ

    И БРОДОТ „ИЛИНДЕН“ КОЈ ПОТОНА ПРЕД 10 ГОДИНИ, ИЗВАДЕН Е ОД СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛНа 5 септември 2009 година, бродот „Илинден“ потона со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот. (Фото: СДК.МК)

    И бродот „Илинден“ вчера беше изваден од Студенчишкиот канал и е лоциран во близина на охридскиот брег, ама на суво. Акцијата ја изведе Капетанијата, а трошоците за вадење паднаа на товар на сопствениците на бродот.

    „Бродот ‘Илинден’ го извади од каналот екипа на Капетанијата. Ангажиран беше и специјален кран која можеше да подигне ваков пловен објект кој е прилично габаритен и тежок. Наскоро ќе извадиме уште неколку стари бродови кои се опасност за екологијата во каналот“, вели Горан Устијаноски, капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа.

    Овој брод имаше трагична историја. На 5 септември 2009 година во 10:30 часот, „Илинден“ потона со 57 патници, од кои 15 туристи од Република Бугарија го загубија животот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира